ОВЕН
Чувствувате стимулативна енергија и желба што поскоро да ги започнете работите што ви се важни. Имате свои приоритети и ќе се фокусирате на нив. Лесно флертувате со луѓето кои ви се приближуваат и се трудите да им оставите позитивен впечаток.
БИК
Додека од една страна имате на ум што ви е важно во бизнисот и се обидувате да се фокусирате на тоа, од друга страна постојано размислувате за една средба и личноста која сте ја запознале. Не можете да го спречите да ви се вовлече во умот.
БЛИЗНАЦИ
Имате многу лични планови и обврски и некако се што е поврзано со вашата работа ќе биде во втор план. Сепак, помошта од колегите е голема денес, па целата оваа ситуација нема да влијае на вас. Сигурни сте што сакате, а што не во љубовта.
РАК
Целиот ден го имате испланирано однапред и нема да си дозволите да отстапите ниту чекор од него. Бидејќи вашето расположение е многу активно и стимулативно, не се сомневам дека ќе се справите со сите ситуации. Ги шармирате и ги освојувате луѓето со кои денес доаѓате во контакт.
ЛАВ
Чувствувате дека сè уште не сте подготвени да поставите некои прашања, но имате свои планови и точно знаете што да правите. Проверете ги информациите што ви доаѓаат, можеби не сте разбрале се на вистински начин. Опседнати сте со мисли и будно го следите секој чекор на партнерот.
ДЕВИЦА
Ја чувствувате потребната стабилност за да го постигнете она што го сакате. Имате можност за еден значаен контакт со личност од чија поддршка очекувате многу. Ден за флерт и „лесни“ емотивни контакти. Страста и сексуалноста се во пораст.
ВАГА
Некој ви ја нуди својата помош или поддршка, но не сте сигурни колку можете да се потпрете на оваа личност, бидејќи таа е премногу импулсивна и лесно ветува, но тешко ги исполнува своите ветувања. Чувствувате голема желба за една личност и се трудите да ја освоите.
СКОРПИЈА
Одлична комуникација со колегите и деловните партнери. Денес можете да поставите основа за една извонредна зделка. Можности за финансиски прилив. Партнерот инсистира на вашето целосно внимание, но вие ќе можете да му посветите само неколку часа во текот на денот.
СТРЕЛЕЦ
Имате супериорна поддршка за еден деловен проект или промена што сакате да ја направите. Ако мислите дека заслужувате покачување, би можеле малку да разговарате и во таа насока. Одличен ден за нови познанства, но и за флерт.
ЈАРЕЦ
Денес, сите работи што ќе ги започнете се одвиваат добро и можете да бидете задоволни со вашите резултати. Многу сте успешни во решавањето на проблематичната ситуација со колега. Доброто расположение ќе ве држи и со емотивен партнер.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува важен разговор, многу сте возбудени, но мислите дека сте направиле се што можете ова да помине на најдобар можен начин. Ден на нови познанства и нови луѓе. Ќе ви се допадне некој на прв поглед.
РИБА
Деловниот сегмент е добро поставен и немате причина да се сомневате во себе. Состанокот или договорот што го очекувавте денеска е на дневен ред. Интензивно сте се движеле кон една личност и правите се за да ја придобиете.

