ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 ФЕВРУАРИ

Овен
Во текот на овој ден ќе мора да се повлечете. Ова воопшто не е трагедија, како што може да ви изгледа. Дури и ќе имате корист од овој чин.

Бик
Не судете според изгледот на овој ден. Можеби некој имал тешко утро. Дајте и на личносгта уште една шанса да се докаже.

Близнаци
Добро е да бидете максимално дисциплинирани и свесни. Добро размислете пред да направите важен чекор. Бидете одговорни.

Рак
Во текот на овој ден ќе се уверите дека ситуацијата добро се развива. Добро е да се уверите сами дали ова е вистина или не.

Лав
Не одбивајте помош на овој ден ако ви биде побарано. Многу е важно да бидете сочувствителни кон вашите најблиски.

Девица
Во текот на овој ден не брзајте да извлекувате општи заклучоци. Дури и попладне ситуацијата може да се промени, па оттука и вашето мислење за важно прашање.

Вага
Ова е ден кога не треба да ги изневерувате своите принципи и верувања. Одете храбро напред кон вашите цели.

Скорпија
Денот ќе биде особено успешен за понежниот пол. Добро е да се одморите и да не се оптоварувате со сериозни активности.

Стрелец
Не подлегнувајте на параноични сомнежи. Многу е веројатно дека сте на вистинскиот пат, но ви треба повеќе време за да го докажете тоа.

Јарец
Ова е ден за авантура. Добро е да се биде во форма и да се почитуваат сите правила на воспитување и добри манири.

Водолија
Денес ќе треба да работите повеќе од вообичаено. Вашите заслуги ќе бидат големи и ќе бидат наградени.

Риби
Не се обвинувајте за ништо овој ден. Што било-поминало. Имате широко поле на дејствување за да го покажете најдоброто од себе.