ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ

Овен
Ова не е ден за активно, а уште помалку за агресивно дејствување. Потрудете се да ги смирите вашите емоции.

Бик
Во текот на овој ден оптоварувањето ќе биде претерано. Правете кратки, но чести паузи. Грижете се за вашето здравје и нерви.

Близнаци
Ова е ден кога ќе треба да се помачите за да ја дознаете вистината. Можеби некој е многу вознемирен од вашата љубопитност.

Рак
Денеска ништо нема да застане меѓу вас и исполнувањето на вашите желби. Бидете колку што е можно самокритични за да имате совршен успех.

Лав
Овој ден ќе ве збуни со контрадикторности. Ништо фатално не ве очекува. Можете дури и да се забавувате со перипетиите на судбината.

Девица
Денеска можете да имате големо влијание врз оние кои носат одговорни одлуки. Со одредена генијалност, можете успешно да го искористите ова.



Вага
Ова е ден кога ќе морате да забавите. Ризикот од грешки е голем, затоа дејтвувајте полека. Одете на спиење рано навечер.

Скорпија
Денеска ќе треба да се помачите за да обезбедите момент на мир. Можеби ќе треба да бидете груби, но сепак не претерувајте.

Стрелец
Денес ќе бидете одлични во работите кои бараат умствени игри и други суптилности. Вие сте целосно способни да се справите со секоја ситуација.

Јарец
Заборавете на мрзеливоста и заморот, работете колку што можете. Денешниот ден ќе биде тивок, мирен и доста продуктивен, доколку успеете да ја направите вистинската работа. Ќе биде тешко да се открие што е тоа.

Водолија
Во текот на овој ден многу е важно да ги контролирате емоциите. Не им давајте на вашите непријатели шанса да ја искористат вашата слабост.

Риби
Ова е ден за да бидете исклучително доследни. Не дозволувајте си никакви слободи. Ќе се бара да имате железна дисциплина.