ДОКАЖАНИ БАБИНИ РЕЦЕПТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА СИПАНИЦИ

Варичелата е невозможно да се избегне и секоја година вирусот варичела-зостер убива илјадници деца. А бидејќи сипаниците сега се во полн ек низ земјава, денес со вас споделуваме неколку проверени бабини рецепти кои ги смируваат симптомите и помагаат во ублажување на болеста.

  1. Сода бикарбона

Земете половина лажичка сода бикарбона и добро измешајте ја во чаша вода. Нанесете го растворот внимателно на погодените места и почекајте да се исуши на кожата за да го ублажите чешањето. Можете да користите до 3 лажици сода бикарбона во чаша вода.

  1. Етерично масло од лаванда

Измешајте 2 лажички сода бикарбона со 40 ml вода и 20 капки есенцијално масло од фина лаванда. Нанесете на секое мозолче со памук. Лавандата ќе им помогне на мозолчињата побрзо да зараснат.

  1. Витамин Е.

Маслото од витамин Е ќе помогне во заздравувањето на кожата и ќе ја намали можноста да оставите лузни.

  1. Мед

Медот е природна антибактериска компонента со одлично благотворно дејство на иритираната кожа. Нанесете тенок слој чист мед на местата каде што има осип или само чешање. Оставете малку да отстои, па измијте. Повторете го ова 3-4 пати на ден.