ДОКАЖАНО: КАФЕТО Е КОРИСНО, НО ЕВЕ КОЛКУ МОЖЕМЕ ДА ПИЕМЕ

Доколку сте љубители на кафе и уживате во барем една шолја од ароматичниот пијалок секој ден, оваа статија е токму за вас.

Докажано е дека пиењето кафе само по себе има многу придобивки. Еве некои од нив:

Благодарение на допаминот во него, расположението и општата здравствена состојба се зголемуваат по консумирање 1-2 шолји кафе дневно.

Допаминот е всушност супстанцијата одговорна за нашата зависност од кафе. Сепак, експертите предупредуваат дека повеќе од 2 шолји кафе на ден полесно ќе ви предизвикаат напади на паника, затоа внимавајте!

Кафето не ја нарушува срцевата активност.

Оваа заблуда е разоткриена. До 2 чаши дневно го прават телото помалку ранливо на разни кардиоваскуларни болести, тврди најновото истражување.

Кафето може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест .

Исто како што го намалува ризикот од Паркинсонова болест, кафето не штити и од Алцхајмерова болест – најчеста причина за деменција во светот.

Неколку студии покажаа дека оние кои пијат кафе имаат 65% помал ризик од развој на Алцхајмерова болест. Покрај кофеинот, кафето содржи изобилство на антиоксиданси кои можат да играат улога во борбата против болестите.

Кафето позитивно влијае на меморијата.

Откриено е дека оние кои пијат кафе по 60-тата година помалку страдаат од губење на меморијата и пад на когнитивните способности.