Потребни производи:
1 лажица пчелин восок
1 лажица кокосово масло
1/2 лажица путер од какао
1/2 лажица шеа путер
15 капки есенцијално масло од лимон
Начин на подготовка:
Сите цврсти состојки ставете ги во соодветен сад и растопете ги на пареа. Тргнете ги од оган, а потоа додадете ги 15-те капки лимонско масло внатре и добро измешајте. Потоа едноставно истурете го балсамот во соодветен сад и оставете ја смесата да се стврдне.


