Маска со аспирин, јогурт и мед
Состојки:
- 5 аспирина
- 1 лажица јогурт
- 1/2 лажица мед
Подготовка:
Згмечете ги таблетките аспирин и измешајте ги со медот и јогуртот, така што да добиете еднолична смеса. За да делува оваа маска, потребно е најпрво да ставите чиста памучна ткаенина натопена во топла вода на лицето, за да ги отворите порите. Потоа, почекајте да ви се исуши лицето, па дури потоа нанесете ја маската. Оставете ја половина час, па измијте се со топла вода.