Јајцата се богати со витамини А, Д и Е, протеини и масни киселини кои помагаат да се одржи сјајот на косата.
Лимонот е најсоодветен за оние со мрсен скалп, бидејќи сокот од лимон има способност да го апсорбира вишок маснотии во скалпот. Лимонот е богат со витамин Ц, што доведува до силна коса, а неговата кисела природа ќе ви помогне да ја исчистите косата од сите наталожени мрснотии и прашина.
Лимонот содржи и соединение наречено „лимонен“, кое дава сјај на безживотната коса. Сокот од лимон е одличен и во борбата против првутот, бидејќи има антифунгални својства.
СОСТОЈКИ:
1 белка од јајце
½ лимон
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Изматете ги белките. Потоа додадете го исцедениот лимон. Измешајте ги белките и сокот од лимон се додека не се изедначат. Нанесете на влажна коса од горе надолу, врзете ја косата и покријте ја со кеса.
Оставете ја оваа маска да делува 30-45 минути и исплакнете со шампон и регенератор.