ДРАМА КОЈА НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИ РАМНОДУШНИ: НЕГОВИТЕ БЕЛИ РАКАВИЦИ – ЈЕЛЕНА БАЧИЌ АЛИМПИЌ

Сеќавањето е лажливо…
Страста е ѓаволска работа. Нема ниту да трепнеш, а таа ќе помине и ќе остане само јалово сеќавање.
Уште една потресна и возбудлива исповед на Ј.Б.А.
за еден необичен живот.

Скриена во семејниот дом Љубица Игњатовиќ, убавата и умна ќерка на Јеврем, случајно го запознава Карел Драгутин Харт, владин повереник кој ќе ѝ го помати разумот.
Заслепена од страста и од љубовните наслади, таа нема да има сили да се соочи со вистината.
Меѓутоа, откако ќе го открие вистинското лице на човекот кој го сака, ќе реши да ја смени сопствената судбина.

Приказната за својот необичен живот и за фаталната љубов опкружена со ѕидини, ќе ја претвори во потресна и возбудлива исповед.

Јелена Баќиќ Алимпиќ, наградувана авторка на најчитаните романи во Србија, во книгата „Неговите бели ракавици“ ја раскажува приказната за една необична, храбра и упорна жена и мајка, која нема да им подлегне на несреќите, туку храбро ќе се фати во костец со животот и ќе истрае во таа борба до самиот крај.