ДВЕ ПРАШАЊА КОИ ОТКРИВААТ МНОГУ ЗА ВАШИОТ БРАК:

Ако веќе сте во брак, веројатно или претпоставувате, или барем се надевате, дека личноста со која сте е вашата единствена, доживотна, вечна сродна душа. Меѓутоа, со текот на времето во бракот има несогласувања кои можат да го уништат.

Леора Фридберг и Стивен Стерн, економисти од Универзитетот во Вирџинија во САД, како дел од Националното истражување на семејствата и домаќинствата, спровеле истражување на 4.242 брачни парови – тие им поставиле две прашања и ја провериле состојбата на нивната врска шест години подоцна.

1. Колку сте среќни во бракот во споредба со тоа колку би биле среќни доколку не сте?

Понудените одговори беа – многу помалку, помалку, исто, повеќе, многу повеќе.

2. Што мислите, како вашиот сопружник одговорил на тоа прашање?

– Идејата за љубовта е дека те прави среќен фактот што твојот сопружник е едноставно среќен. На пример, би можела да се согласам дека повеќе работам во домаќинството, што донекаде ја намалува мојата лична среќа, но тоа се компензира со сознанието дека мојот партнер има корист од тоа, односно дека е посреќен – изјави Леора Фридберг и додаде дека изгледа дека многу паровите не му придаваат значење.

– Само 40,9 отсто од паровите кои учествувале во истражувањето можеле да предвидат што ќе каже нивниот партнер. Дури четвртина од анкетираните покажале сериозни разлики во перцепцијата на нивната среќа како брачен пар – истакна таа.

Паровите кои признале дека не би биле помалку среќни доколку не се во брак, или оние кои погрешно претпоставувале како нивниот брачен другар одговорил на првото прашање, имаат поголема веројатност да се разведа.

– Стапките на разводи беа повисоки кај оние кои велеа дека се понесреќни во бракот отколку што би биле ако не биле во брак, како и кај оние парови кои ја прецениле среќата на своите партнери – објасни Стивен Стерн.