ЏЕЈ ЛО И АЛЕКС РОДРИГЕЗ НЕГИРАА ДЕКА БИЛЕ РАЗДЕЛЕНИ

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги демантираа информациите дека ја завршиле нивната врска. Тие објасниле дека сè уште се заедно и се обидуваат да ја спасат својата врска. Двајцата се исто така категорични дека не е вклучена трета личност.

Фановите беа шокирани откако магазинот „Пипл“ и другите публикации во петокот објавија дека ѕвездената двојка ја завршила свршувачката. Постојат гласини дека причината за ова е тоа што поранешниот бејзбол играч и пишал на ријалити ѕвездата Медисон Лекрој.

Вчера Џенифер и Алекс направија официјална информација за ТМЗ: “Сите обвинувања се неточни.” . Пејачката и спортистот исто така ги негираа обвинувањата за неверство, велејќи му на таблоидот дека нивните проблеми немаат никаква врска со трета страна.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Инаку, веста за раскинувањето, која ја објави „Пипл“, беше потврдена од неименуван извор близок до парот со објаснување дека Родригез моментално е во Мајами, додека 51-годишната пејачка е во Доминиканската Република, каде што е на снимање на филм.

Иако не беше наведена официјална причина за наводното раскинување, странските медиуми информираат дека сè кулминирало откако Алекс се најде во скандал на крајот на јануари годинава за наводна врска со 30-годишната ријалити-sвезда Медисон ЛеКрој.