ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ – 51 ГОДИНА БЕЗ ШМИНКА (ФОТО)

Џенифер Лопез реши да покаже како изгледа без шминка и дома. 51-годишната пејачка сподели со своите милиони следбеници на Инстаграм фотографија на која е сосема природна. Без филтри, без гламурозна облека и совршена фризура.

Како што можете да видите, таа позира со своите близнаци Макс и Ема. Од текстот до сликата е јасно дека пејачката е среќна што иако веќе имаат 12 години, сепак сакаат да седат во скутот на мама.
Џеј Ло е дефинитивно горда мајка и често споделува фотографии од своето семејство на социјалните мрежи. Макс и Ема се од нејзиниот брак со Марк Ентони, со кого се разведоа во 2014 година, но тие се пријатели.

Куќата на Лопез е полна со детски смеа, бидејќи нејзиниот вереник Алекс Родригез има и две деца од претходната врска – Наташа и Ела.