ЕМОТИВНИТЕ ЖЕНИ НЕ СЕ СЛАБИ, ТУКУ СЕ НЕВЕРОЈАТНО СИЛНИ

Емотивните луѓе не се такви затоа што сакаат да привлечат внимание, едноставно така биле отсекогаш. Луѓето кои се емотивни доживуваат повеќе од нивните животни настани и чувствуваат повеќе лична поврзаност со нивната реалност. Погледнете зошто емотивноста не е знак на слабост, туку начин да ги доживеете работите повистинско.

Емотивните жени имаат повеќе лична врска со светот

Едно е да го перцепирате светот околу вас, но сосема друго е да се поврзете со него. Кога ги доживуваме работите околу нас, се поврзуваме со нив. Емоциите се инвестиции кои се исплатуваат со текот на времето.

Емотивните се поемпатични

Една од најголемите вештини на овој свет е да сочувствуваш со нешто или некого. Емпатијата ни овозможува да се ставиме на местото на другиот и да го видиме светот низ нивните очи. Ако не успееме да се соживееме, ќе останеме сами, само со луѓе околу нас со кои не сме поврзани на никаков начин.

Тие ги сфаќаат работите лично и се пострасни

Луѓето можат да ве згрешат дека сте слаби ако видат дека внесувате премногу емоции во работите. Но, тоа не е така, тоа значи дека сте страсна личност која се интересира за она што се случува.

Нивните емоции не владеат со нив, тие ги учат

Има разлика помеѓу да се биде емотивен хаос и да се биде емотивен и да се контролира. Слабост е кога владеат емоциите. Колку сте поемотивни, толку повеќе работи можете да научите за луѓето околу вас.