Скорпија
Родените во овој знак имаат силна личност и се многу страсни. Немаат проблем да ги изразат емоциите и тоа го прават без никакво украсување. Не им е грижа што другите мислат и кажуваат за нив.
Живеат по свои правила и знаат да бидат многу арогантни, токму тоа ги прави многу самоуверени во очите на другите.
Овен
Овенот е еден од најамбициозните знаци во хороскопот. Вредни се и склони кон мечтаење. Не ги интересира мислењето на околината, подготвени се да вложат многу труд за да живеат како што замислиле.
Никогаш не бегаат од предизвици, ги возбудуваат и им даваат енергија. Понекогаш знаат да бидат толку фокусирани на целите што не гледаат ништо околу себе.
Рак
Припадниците на овој знак се познати како многу чувствителни луѓе. Сепак, тие знаат како да се справат со емоциите какви и да се. Раковите нема да дозволат емоциите така лесно да ги исплашат.
Емотивно доминираат со другите луѓе на посебен начин. Тие се сочувствителни и можат многу добро да разберат како се чувствуваат луѓето околу нив.
Лав
Кога станува збор за самодовербата, Лавовите се на врвот на листата. Тие се силни, доминантни, самоуверени – родени се да бидат лидери, тоа им е во крвта. Тие знаат како да преземат контрола над секоја ситуација. Кога е потребно, тој ќе го преземе водството без многу размислување.