Специјалисти од Универзитетот Џон Хопкинс предупредуваат дека доцните ноќи го зголемуваат ризикот и од дебелина и од дијабетес:
„Ефектот на доцните ноќи многу варира кај луѓето и зависи од тоа во кое време одат во кревет“, објаснува д-р Џонатан Џенг од тимот. „Ова истражување покажува дека некои се поранливи од другите“.
За да дојдат до овој заклучок, американските научници го споредиле ефектот што вечерата во 18 часот и 22 часот го имала врз волонтерите. Токму на тој начин тие откриле дека јадењето пред спиење го зголемува шеќерот во крвта, а со тоа и ризикот од дијабетес, со влошување на толеранцијата на гликоза и намалување на разградувањето на мастите.
Општо е познато од претходните истражувања дека јадењето доцна навечер е поврзано со дебелина и метаболички синдром. Но, оваа нова студија е особено детална, а во неа волонтерите носеа трагачи за движење, им ја тестираа крвта на секој час, го следеа нивниот сон, ги скенираа мастите во телото и го следеа согорувањето на маснотиите од храната. Тие легнаа во 23 часот, а нивото на гликоза по доцната вечера се зголеми за 18 отсто повеќе, а согорувањето на мастите се намали за околу 10 отсто во споредба со оние со рана вечера.
Ефектот што го забележавме кај здрави доброволци може да биде поизразен кај луѓе со дебелина или дијабетес кои веќе имаат нарушен метаболизам, вели водачот на тимот д-р Ченгјуан Гу. Треба да направиме повеќе експерименти за да утврдиме дали ефектот продолжува со текот на времето и дали зависи повеќе на однесувањето, како што е легнување кратко по вечерата или на биолошкиот часовник.


