Ако, како и повеќето луѓе, ја миете четката за заби под млаз вода пред да ги миете забите, можеби сте направиле грешка.
Бидејќи истражувањето на Универзитетот во Манчестер покажа дека повеќе од 100 милиони бактерии можат да се најдат на четка за заби, вклучувајќи ги и колика и стафилококи.
Американскиот стоматолог Сухаил Мохидин објави видео на Тик Ток во кое ја објасни постапката за миење на четката и привлече големо внимание.
Тој објаснува дека првиот чекор е темелно да се мие четката секој ден со сапун и топла вода. Се разбира, потребно е после тоа да се измијат сите остатоци од сапунот.
Вториот чекор е уште поважен – еднаш неделно, препорачливо е да ја ставите четката во раствор од една лажичка 3% водород и чаша вода, и оставете ја да отстои преку ноќ.
Следното утро исплакнете ја четката добро и тоа е тоа.
Погледнете го видеото: