Сигурно љубителите на домашната ракија се свесни дека таа е вистински еликсир и е многу соодветен напиток при собирање со пријателите.
Сепак, може да реши и голем број здравствени проблеми.
Еве за што можете да ја користите ракијата:
Болка предизвикана од траума
Во пластична кеса во замрзнувач ставете половина чаша ракија.
Добро е овој еликсир секогаш да го имате наполнет, бидејќи е неверојатен помошник при болка предизвикана од разни видови повреди.
Чистење и дезинфекција
Натопете памук со домашна ракија и со него исчистете го лицето.
Освен што ќе го исчистите, одлично ќе го дезинфицирате.
Сепак, после оваа постапка мора да нанесете хидратантна крема, бидејќи во спротивно ќе ја исуши вашата кожа.
Го стимулира растот на косата
Доволно е да додадете малку ракија во вашиот шампон. Така ќе се ослободите од сите штетни бактерии и ќе го стимулирате растот на косата.
Главоболка, болки во коските и мускулите, рани
Во стаклена тегла ставете свеж цвет од лаванда и прелијте го со домашна ракија.
Оставете ја смесата да отстои 3 дена на сонце и процедете. Добиениот еликсир може да се користи за болки во коските и мускулите, рани и главоболки.
Херпес
Ако имате херпес, само лечете го неколку пати на ден со ракија и за кратко време ќе исчезне.
Доколку знаете други народни рецепти со ракија за лекување на разни здравствени проблеми, споделете ги во коментар.
Ова ќе им помогне на илјадници луѓе кои бараат лек за сите видови болести.


