ЕВЕ КОЈ ПИЈАЛОК ЌЕ ВИ ГО ПРОДОЛЖИ ЖИВОТОТ

Начинот на живот што го водиме, како и храната што ја јадеме се исклучително важни за нашето здравје. Затоа, доколку сакаме да живееме подолго, а воедно и посреќни, важно е да се откажеме од некои штетни навики и храна, како и да ги вклучиме корисните.

Според една студија, местата каде што луѓето живеат најдолго се Грција, Италија, Јапонија. И што имаат заедничко нивните жители? Сите пијат чај таму.

И тоа не каков било, туку зелен чај!

Можеби сте слушнале за островот Окинава, во Јапонија, кој е познат по своите стогодишни жители.

Луѓето таму пијат зелен чај секој ден бидејќи знаат колку е добар. Се покажа дека го намалува ризикот од срцеви заболувања и неколку видови на рак.

Покрај тоа, зелениот чај содржи неколку антиоксиданси и важни амино киселини. Затоа е добро да го вклучите во вашето мени.