Придобивките од водата со лимон се многубројни. Еве некои од нив:
Помага при варење
Структурата на сокот од лимон е блиска до онаа на плунката и хлороводородната киселина, која е главниот дигестивен сок во желудникот. Сокот од лимон го стимулира црниот дроб да произведува жолчен сок, кој е потребен за варење. Лимоните се богати со минерали и витамини и помагаат во отстранувањето на токсините и другите несакани елементи од телото и дигестивниот систем. Исто така, сокот од лимон помага да се смири желудникот.
Го чисти телото
Лимонската киселина помага да се зголеми функцијата на ензимите кои го стимулираат црниот дроб и на тој начин помага за детоксикација. Го зголемува мокрењето, со што побрзо се ослободуваат токсините од телото и на тој начин се обезбедува здрав уринарен тракт.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Лимоните се богати со витамин Ц и калиум. Витаминот Ц е добар за борба против настинки, а исто така ја подобрува апсорпцијата на железо од телото. Калиумот ја стимулира мозочната и нервната активност и помага во регулирањето на крвниот притисок. Лимоните исто така ја намалуваат количината на слуз што ја произведува телото.
Го балансира нивото на pH вредност
Лимоните се една од намирниците кои најмногу алкализираат и помагаат да се постигне рамнотежа на алкално-киселината. Тие сами по себе се кисели, но кога ги јадеме/пиеме стануваат алкални за нашето тело – лимонската киселина не е кисела за нашето тело. Лимоните содржат лимонска и аскорбинска киселина, овие слаби киселини телото лесно ги обработува и овозможуваат минералната содржина на лимонот да ја алкализира крвта.
Кога редовно пиеме вода со лимон, ја регулираме киселоста во организмот и постигнуваме рамнотежа.
Ја чисти кожата
Со високата содржина на витамин Ц, лимоните ни помагаат да се бориме против слободните радикали, да ги намалиме брчките и флеките. Витаминот Ц е многу важен за здрава и сјајна кожа. Како што кажав, лимоните се алкална храна, а нивната природа убива некои видови бактерии кои предизвикуваат акни. Водата со лимон ни помага да се ослободиме од токсините во крвта и на тој начин ја чисти нашата кожа одвнатре кон надвор.
Се полни со енергија и го подобрува расположението
Енергијата што ја добиваме од храната доаѓа од атомите и молекулите во неа. Кога позитивно наелектризираните јони на храна влегуваат во дигестивниот систем, тие комуницираат со негативно наелектризираните ензими и се јавува реакција. Лимоните се една од ретките намирници кои содржат повеќе негативни јони и тоа ни дава повеќе енергија кога влегуваат во нашиот дигестивен систем – се случуваат повеќе реакции и добиваме повеќе енергија.


