Веројатно да, иако тоа често не е случај. Иако фактот дека долги години сте во романтична врска со некого треба да ве ослободи од сомнежите за изгледот на сопственото тело, на жените често им е тешко да го направат тоа. Факт е дека нашите тела се менуваат како што старееме, а ситуациите како што е бременоста секако придонесуваат за тоа, но тоа не значи дека вашата убавина избледува.
Иако можеби не изгледате исто како пред пет или 10 години, во никој случај не треба да чувствувате презир кон своето голо тело. Посебно не ако покрај себе имате некој, кој не може да се насити од вас, дури и по долги години во врска. Ако некогаш сте се запрашале што е тоа што му поминува низ глава кога ве гледа без облека, ѕирнете во нашата галерија и откријте.
ТОЈ МИСЛИ ДЕКА СТЕ СОВРШЕНИ ЗА НЕГО
Додека се борите со себе размислувајќи за тоа што му поминува низ главата кога ве гледа без облека, тој всушност размислува за сите работи за вас што ве прават толку неверојатни. Без разлика дали сте тренирани или не, ако тој искрено ве сака, ќе мисли дека сте создадени за него. На вашиот маж ќе му се допадне обликот на вашето тело и секоја облина на неа, без разлика дали носите ролери или сте слабо тренирани, а вашите атрибути се истакнуваат. Кога ќе ве погледне, за него нема поголемо совршенство, дури и да ги немате пропорциите на светски познатите манекенки
НЕ МУ СЕ ГРАДИ ОД ВАШИТЕ СТРИИ
Се чини дека нема шанси да избегаме од нив. Без разлика дали сте ги добиле во пубертет или ако нагло сте се здебелиле или изгубиле, стриите се вистински кошмар за секоја жена. Иако тие ви изгледаат одбивни и би сакале да скокнете од кожа ако можете, навистина нема причина да се плашите дека чувствата на вашиот маж кон вас ќе се променат кога ќе ги види. Телата се склони кон промени, ова важи и за вашето како и за неговото. Дури и ако сте имале лошо искуство со вашето поранешно момче кога станува збор за стриите, не треба да претпоставувате дека сите ќе имаат исто мислење. Многу момци се над тие површни мисли.
ТОЈ СЕ ФОКУРИРА НА НЕГОВИОТ ОМИЛЕН ДЕЛ ОД ВАС
Секој маж има омилен дел од телото кога се во прашање девојките. Во принцип, тие се претежно љубители или на гради или на задник. Сепак, иако тоа е она што е очигледно, постојат и други делови од женското тело кои се неодоливи за мажите. Иако сте без облека, тој многу лесно би можел да ги погледне вашите очи, усните, вратот, како и да ги погледне вашите нозе, половината или колковите, целосно игнорирајќи ги вашите главни атрибути. Во моментот кога ќе останете без облека, неговиот поглед ќе се залепи како магнет за вашиот дел од телото што најмногу го сака.
ТОЈ МИСЛИ КАКО ЌЕ ТЕ САКА ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ
И додека сте загрижени дали забележал дека сте качиле некој килограм во последниот месец, вашиот маж веќе многу се восхитува на вашиот задник, со кој сега има полни раце работа, што воопшто не му пречи. Можеби вашите гради не се цврсти како порано, што особено се забележува кога ќе го соблечете градникот, но се додека тој има можност да ги види без оние корпи кои му го блокираат погледот, знајте дека тоа не пречи него воопшто. Сè што размислува е колку е среќен што има можност да ве сака од глава до пети.