Пиењето кафе е поврзано со многу здравствени придобивки, од намалување на ризикот од заболување на црниот дроб до подобрување на когнитивното здравје.
Додека некои веруваат дека е добро да се испие шолја кафе наутро пред јадење, експертите предупредуваат дека тоа може да предизвика проблеми во вашето тело.
Првиот оброк во денот е клучен за рамнотежата на енергијата и шеќерот во крвта , а пиењето кафе на празен стомак може да биде многу штетно за вашето здравје.
Што се случува кога пиете кафе на празен стомак?
Стресот
Кога пиете кафе со храна или дури и пијалок што содржи калории, како што е протеинскиот шејк, апсорпцијата на кофеинот ќе биде одложена.
Ако пиете шолја кафе на празен стомак, многу побрзо ќе го апсорбирате кофеинот, што може да доведе до некои несакани ефекти, како што се нервоза, анксиозност и тремор.
Киселини
Пиењето кафе на празен стомак може да предизвика и зголемено лачење на стомачна киселина. Ако сте почувствителни, кафето може да предизвика дијареа бидејќи кофеинот влијае на мазните мускули на цревата.
Хормони
Друг вообичаен аргумент против пиењето кафе на празен стомак е тоа што може негативно да влијае на нивото на хормоните , особено на хормонот на стрес кортизол.