За придобивките од црвеното вино долго се зборува. Сепак, мерката е важна бидејќи се што оди предалеку може да ни наштети.
Еве неколку придобивки од црвеното вино:
Црвеното вино е богато со антиоксиданси
Грозјето содржи високо ниво на полифеноли, кои се антиоксиданси за кои е докажано дека го намалуваат оксидативниот стрес и воспалението. Антиоксидансите се соединенија кои спречуваат клеточно оштетување предизвикано од воспаление и оксидативен стрес.
Го намалува ризикот од депресија
Според една студија, луѓето кои пијат умерени количини црвено вино имаат помала веројатност да станат депресивни од оние кои не пијат.
Ја подобрува цревната флора
Полифенолите во црвеното вино можат да помогнат во одржувањето на поздрава цревна микрофлора. Во умерени количини, виното може да послужи како пробиотик.
Губење на видот
Ресвератролот, исто така, може да помогне да се спречи губење на видот со намалување на воспалението и оксидативниот стрес, според студија од 2016 година.
Вклучувајќи:
- глауком
- Катаракта
- дијабетична ретинопатија
- макуларна дегенерација
Го контролира нивото на шеќер во крвта
Употребата на црвено вино може да го намали нивото на шеќер во крвта, благодарение на ресвератролот, кој се содржи во кората на грозјето. Освен што го регулира шеќерот во крвта, го контролира и холестеролот и крвниот притисок.
Оштетување на мозокот по мозочен удар
Преглед од 2015 година покажува дека ресвератролот може да помогне да се заштити од секундарно оштетување на мозокот по мозочен удар или повреда на централниот нервен систем. Ова се должи на неговите позитивни ефекти врз воспалението, оксидативниот стрес и смртта на клетките.
Сепак, овие студии ги покажуваат ефектите на ресвератрол, а не на самото црвено вино.
Спречува кардиоваскуларни болести
Умереното консумирање црвено вино ќе го зголеми нивото на добриот холестерол, ќе спречи кардиоваскуларни болести, а полифенолите во виното ќе го спречат згрутчувањето на крвта и ќе ги одржат еластичните крвните садови.
Со настинка
Црвеното вино може да помогне при настинката, бидејќи ќе го заштити телото од штетните ефекти на слободните радикали.