(ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО) БИЛЈАНА АНГЕЛОВА: СО ВАС СМЕ, БИДЕТЕ ХРАБРИ

Вчера во центарот на Скопје се одржа финалниот настан што ја одбележа кампањата „Стоп за домашното насилство-Биди храбра!“ чиј иницијатор е Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Р. Бугарија во земјава, Ангел Ангелов.

Во своето обраќање Ангелова испрати силни пораки за поддршка на жените жртви на домашно насилство, се заблагодари на сите што ја поддржаа кампањата и најави организирање на обуки за младите, со цел превенција на оваа пројава во најрани години.

„Целата идеја на таа кампања беше тивко да кажеме со вас сме, бидете храбри. Понекогаш да не кажеме ништо, да бидеме тивки е многу посилна порака отколку илјадници зборови“, изјави Ангелова на собирот во Скопје.

Погледнете го обраќањето на г-ѓата Билјана Ангелова:

Собирот „Стоп за домашното насилство-Биди храбра!“ беше поддржан и од неколку градови во РС Македонија: Охрид, Битола, Кавадарци, Кочани, Виница, Тетово и Крива Паланка.

Погледнете галерија од настаните: