ГЕЈША: ЈАПОНСКИОТ СИМБОЛ ЗА ПРЕСТИЖ

Гејши, геико или гејџи се традиционални женски jапонски забавувачки, чии вештини вклучуваат изведба на различни јапонски уметности, како што се музика, танцување и поезија. Некои веруваат дека гејшите се проститутки, но тоа е погрешно. Терминот „гејша“ е составен од 2 јапонски збора геи што значи уметност и ша што значи „личност што прави“ или „се занимава со…“. Најбуквален превод на зборот гејша е уметник. Гејшите се многу почитувани и тешко е да се стане гејша.

Модерните гејши сѐ уште живеат во традиционалните куќи за гејши наречени „окија“ во квартови наречени ханамачи „цветни градови“. Сепак, постарите гејши кои се успешни поседуваат своја куќа. Според зборовите на славната гејша Минеко Ивасаки „гејшата е како цвет, убава на свој начин, и како врба,грациозна, флексибилна и силна.

Во раните периоди на јапонската историја постоеле женски забавувачи: сабуруко (девојки што служат) најчесто биле девојки чиишто семејства биле раселени поради битките во доцните 600-ти. Некои од овие сабуруко девојки ги продавале нивните тела, додека други кои биле подобро образовани заработувале за живот како забавувачи на собири од висока класа. Откако империскиот суд во 794 година го поместил главниот град во Хеиан-кио, градот станал дом на елита која е опседната со убавина и се создале услови за формирање на културата на гејшите. Се појавиле вешти изведувачки, како што се танчерките ширабуоши. Традицонална Јапонија нудела сексуални задоволства (тоа не е табу) и мажите не се труделе да им бидат верни на своите жени. Идеалната сопруга била скромна мајка и раководител на домот и, според обичаите на Конфучиј, љубовта имала споредна важност. За сексуално уживање и романтични моменти, мажите не оделе кај нивните жени, туку кај куртизаните. Во 16 век се изградени квартови опкружени со ѕидови, а во 17 век биле изградени шогунате – квартови на задоволство -во кои иујо („танчерки“) биле класифицирани и лиценцирани, а проституцијата надвор од нив била нелегална. Највисока класа на иујо биле претходничките на гејшите, наречени ојран, комбинација од актерка и проститутка, кои на почетокот настапувале на сцени поставени во сувото речно корито на Камо во Кијото. Тие изведувале еротични танци и пародии, а оваа нова уметност била именувана како кабуку, со значење „да бидеш див и скандалозен“. Танцовите биле наречени кабуки, а тоа го означило почетокот на кабуки театарот.

Гејшата коишто работеле во квартовите на задоволството во суштина биле затворани и строго им било забрането да продаваат сексуални услуги, со цел да се заштити бизнисот на оиран – јапонските проститутки. Додека куртизаните постоеле за да ги задоволат сексуалните потреби на мажите, гејшите биле уметнички и начитани придружнички. До 1800 година, да се биде гејша било женско занимање (иако сѐ уште има машки гејши кои работат денес.) До 1830 година, создадениот стил на гејша бил подрржан од модерните жени низ општеството [9]. Постоеле многу различни класификации и рангирања на гејшите. Некои жени имале секс со своите муштериите, додека други ги забавувале строго со своите уметнички форми[10]. Проституцијата била легална до 1900-тите и се практикувала во многу квартови низ Јапонија.


Втората светска војна довела до пад на уметноста на гејшите, бидејќи голем дел од жените морале да работат во фабриките или да одат на други места за да работат за Јапонија. Исто така, името на гејшата го загуби статусот во тој период, бидејќи пред американските војници проститутките почнале да се нарекуваат себе си „geisha girls“. Во 1944 година, сѐ што припаѓало на светот на гејшите било принудено да се затвори, вклучувајќи ги чајџилниците, баровите и куќите, а сите вработени морале да работат во фабриките. После една година подоцна, дозволено им било повторно да отворат. Малиот дел од жените кои останале да бидат гејши одлучиле да го отфрлат влијанието на Западот и да им се вратат на традиционалните начини на забава и живот. Сликата за гејшите е формирана за време на феудалното минато на Јапонија и ова е сликата што тие мораат да ја одржат за да останат гејши. Откако Јапонија ја изгуби војната, гејшите станале помалубројни и професијата почнала да губи од својата вредност. Кога тие повторно се собрале во 60-тите години од 20 век, за време на повоениот економски бум на Јапонија, светот на гејшите се променил. Во модерна Јапонија, девојките не се продавале за договорени услуги, ниту пак биле придудени да влезат во сексуални врски а сексуалниот живот на гејшата е нејзина приватност.

Пред војната, девственоста на маико се ставала на аукција (во оригинал „мизуаге“)– тоа било забрането во 1959 година, но било сосема нормално во 90-тите години од 20 век, а било настан „на ограничена основа“ во 2001 година.

На врвот на сложениот систем за рангирање на гејшите се наоѓаат големите дами од Кјото. Гокагаи од Кијото се неговите пет области на гејши, исто така познати како ханамахи („градови на цвеќињата“). Гион Кобу, Понтохо и Камишихикен го имаат највисокиот статус; тие се многу скапи и се посетувани од моќни стопанственици и политичари (често се смета дека Гион Кабу го има највисокиот ранг). Другите Геико од другите два ханамахи (Гион Хигаши и Мијагава-хо) имаат висок престиж, но се смета дека се еден ранг подолу. Од другата страна на спектарот се гејшите од жешките извори. Овие гејши работат во спа-одморалиштата и поголемиот дел од Јапонците ги изедначуваат со обичните проститутки. Обично тие се грижат за далеку понеекслузивни господари и се многу поефтини. Ако нивниот приход се надополни со продавање на сексуални услуги, тие се значително поразлични од обичните проститутки; како и сите гејши, тие се обучени според уметноста на јапонските танци и музика. Сепак, гејшите ханамахи се ужаснуваат доколку се категоризирани заедно со гејшите од жешките извори.

Традиционално, гејшите започнуваат со нивната обука на многу мала возраст. Некои девојки се поврзан со куќите на гејшите (окија) уште како деца. Овие девојки се нарекувале хангиоку и имале околу девет години. Тоа не беше случај на угледните области и исчезна во 50-тите години од 20 век со забраната на детскиот труд. Ќерките на гејшите често и самите се одгледувани како гејши, обично како наследници (атотори, што значи „наследник“) или улога на ќерка (мусумебун) на окија.



Жените во општеството на гејшите се едни од најуспешните деловни жени во Јапонија. Во општеството на гејшите жените управуваат со сѐ. Светот на гејшите ќе престане да постои без беспрекорните деловни вештини на жените кои ги поседуваат чајџилниците. Сопственичките на чајџилниците се претприемачи, чијашто услуга на гејшата е навистина потребна за глаткото функционирање на општеството. Мажите не многу често заземаат зависни позиции како што се фризери, стилисти (за облекување на маико потребна е значителна сила) и сметководители[21] меѓутоа мажите имаат ограничена улога во општеството на гејшите.

Системот на гејшите е основан, всушност, за да се поттикне независноста и економската самостојност на жената. Тоа беше неговата замислена цел и системот всушност го постигна тоа навистина извонредно во јапонското општество, каде што има само неколку насоки според кои жените можат да го постигнат тој вид на независност.- Минеко Ивасаки (наводно, најуспешната гејша на сите времиња) во интервју за Бостон Феникс.

Поголемиот дел од жените биле сопруги кои не работеле надвор од нивните семејни обврски. Станувањето гејша било начин на кој жените се издржувале себе си без да стане нечија сопруга. Жените гејши живеат во строго матријархално општество. Жените доминираат. Жените управуваат со куќите на гејши, тие се наставнички, тие управуваат со чајџилниците, тие ги поддржуваат амбициозните гејши и тие водат сметка за финансиите на гејшите. Единствената поголема улога која ја играат мажите во општеството на гејшите е онаа на гостин, иако понекогаш и жените исто така ја имаат таа улога.

Од историски аспект, јапонските феминисти ги гледаат гејшите како експлоатирани жени, но некои модерни гејши се сметаат себе си за слободни феминисти.

Овие жени доста млади ги напуштаат своите семејства со цел да се посветат на својата уметност. Тие веруваат дека мажите можат да имаат свој живот, секогаш контролирано, па зошто да не и жените? Исто така, тие „станале умешни во употребата на нивниот свилен шарм за да ги вртат нивните мажи околу малиот прст… да манипулираат со глупавите, несвесни мажи… да направат еден маж да поверува дека тој е единствениот кој ги има брилијантните идеи“. Не сите гејши се идентификуваат себе си со феминизмот и постои грижа дека традицијата на гејшите го забавува напредокот на жените во Јапонија.

Погрешни гледишта
Постојат многу погрешни сфаќања за вистината за гејшите, поради бурното минато на занаетчиите, проститутките од квартовите на задоволството во Јапонија. „Светот на гејшите, светот на „цветот и врбата“, се многу посебно општества кои се опкружени со мистерија. Митовите кои се создадени од надворешни ликови за околината и начинот на живеење во светот на гејшите, во најголеми дел со создадени без да се проверат. и поради тоа што тоа е доста приватен, елитен свет, поголемиот дел од луѓето не се чиувствуваат пријатно додека зборуваат за него.“

Проституцијата беше легална во Јапонија сѐ до крајот на дваесетиот век, што е уште една причина поради која луѓето се погрешно информирани дека гејшите им нудат сексуални услуги на клиентите. Значењето за гејшата и проститутката почна значително да се меша поради големиот број на професионални проститутки кои им давале услуги на војниците по Втората светска војна и се облекувале како „гејши“; во периодот кога само неколку вистински гејши можеле да работат, лажните гејши го присвоиле името на зборот во очите на многу странци.