ГЛИКОЛНА КИСЕЛИНА: ЧУДО ЗА УБАВИНА И СЈАЈНА КОЖА ВО ЗИМА

Ако сакате да ја поедноставите рутинската нега на кожата со производ кој ги обезбедува сите придобивки од минимизирање на порите до расчистување на тенот, тогаш е време да зборуваме за гликолната киселина. Оваа чудесна состојка ви нуди целосно решение за некои од најголемите проблеми со кожата.

Што е гликолна киселина?
Гликолна киселина е алфа-хидрокиселините (AHA) која содржи молекула на јаглерод. Оваа молекула природно се наоѓа во шеќерна трска и овошје. Некои други алфа-хидрокиселини со кои можеби сте запознаени се млечната киселина и витаминот Ц. Имајте на ум дека тие не треба да се мешаат со бета-хидрокиселините (BHA), како што е салицилната киселина.

Гликолната киселина има својства против стареење. Истите мртви клетки кои предизвикуваат акни ја прават кожата ”тврда”. Во младоста, нашиот келиски метаболизам се движи прилично брзо, но по 25-тата година процесот почнува да се забавува, а гликолната киселина помага да се надомести.

Уште една предност при употреба на средства со киселина: помага во обновувањето на пигментацијата, која се влошува поради изложување на сонце и појава на лузни. Секоја AHA- киселина помага да се изедначи целокупниот тон на кожата и да се елиминира голема количина на вишок пигмент. Употребата на киселина го стимулира производството на колаген, кој влијае на еластичноста на кожата, а редовната употреба овозможува да се подготви кожата за други козметички производи: ретинол, антиоксиданти, витамин Ц и други средства.

Важно е да се спомене дека за разлика од ретинол и БХА киселините, гликолната киселина е погодна и за бремени жени и за жени кои дојат.

Оваа киселина може да се најде во сите видови производи – од гелови за чистење до тоници за лице. И покрај широкиот избор на пазарот, ве советуваме да се запознаете со оваа состојка во професионален амбиент сè додека не се чувствувате безбедно да ја користите дома.