ГО ФАТИВ МАЖ МИ КАКО МЕ ИЗНЕВЕРУВА ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ БРАК, ОВИЕ РАБОТИ ГО ИЗДАДОА

За порталот Mamamia жена која сакала да остане анонимна ги открила знаците кои укажуваат дека вашиот партнер мора да ве изневерува.

Таа веруваше во неговите чудни одговори и изговори, но длабоко во себе знаеше дека нешто не е во ред.

Како што изјавила, нејзиниот партнер (со кој била 15 години) и таткото на нејзините деца постојано негирале прељуба, таа решила да ангажира приватен детектив за да ги потврди нејзините сомнежи.

Ангажирањето детектив, според неа, било спас и таа одлука и помогнала да се ослободи од стресот, но и од неверниот сопруг: „Сега сум силна, способна и не чувствувам никаков срам, но бев тажна бидејќи Личноста што ја сакав ме скрши и на која и верував“.

Во продолжение прочитајте што открива личност која изневерува:

1. Неговите посети во теретана станаа многу почести

2. Купува секси долна облека

3. Неговиот комплетен изглед е променет на подобро

4. Ги променил навиките за мобилниот телефон – постојано бил на социјалните мрежи, бил залепен за телефонот, функцијата „кога последен пат бил онлајн“ му била исклучена, а лозинката му станала тајна.

5. Одеднаш престана да ‘рчи.

6. Почна да се исклучува од семејните активности, ги избегнуваше заедничките пријатели и имаше се повеќе „работни обврски“.

7. Не се јавувал на телефон додека бил отсутен од дома.

8. Дојде дома и мирисаше на парфем.

9. Престанал да покажува интерес за заеднички живот и воопшто не споделувал детали за својот живот .