ГО ИСПРАВА ‘РБЕТОТ – ИДЕАЛЕН ЗА ОНИЕ КОИ ДОЛГО СЕДАТ!

Ако седите на компјутер долго време , може да се соочите и со силна болка во грбот. Во светот, многу компании создадоа зони за одмор за своите вработени за да можат да ги ублажат и намалат болките во грбот.

Важно е да се грижите за вашиот ‘рбет секој ден бидејќи тој е столбот на вашето тело. Вежбањето секако е природен лек кој помага, но многумина го користат недостатокот на време како изговор.

Затоа ви донесуваме едноставна едноминутна вежба која ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите на грбот и истовремено да се ослободите од болките. Потребна ви е каква било рамна, тврда површина, како под или маса.

Можете да го практикувате наутро, попладне, навечер, секој ден – тоа може само да ви користи. Легнете на подот или на маса, на цврста површина. Притиснете ја карлицата на подот, а потоа вдишете. Потоа, со издишување, подигнете ги градите нагоре, но така што карлицата се уште е притисната на подот, како и вашите лактите и рацете се уште на подот.

Повторете ја вежбата 10 пати со бавно темпо со вдишување-издишување.

Забелешка: Доколку имате повреден рбет, мора да се консултирате со лекар пред да ја вежбате вежбата.