ГО ОСВОИВТЕ НЕГОВОТО СРЦЕ, НО КАКО ДА ГО ЗАДРЖИТЕ?

Прво и најважно, не го бркајте. Не инсистирајте на контакт, без разлика колку сте нетрпеливи, свесни сме дека тоа може да ви биде тешко, особено кога сте во таа фаза на пеперутки во стомакот, но пробајте. Сигурно досега сте ја слушнале таа фраза дека мажите се ловци. Значи, во нивната природа е да го бркаат својот „плен“. Се разбира, не одете во друга крајност односно да се однесувате ладно и одбивно во врската: само воспоставете рамнотежа.

Реално проценете го мажот:
Ова се однесува на оние кои се на почетокот на врската, и што точно значи тоа? Обидете се, без пристрасност и прекумерни емоции, реално да видите што ви дава доброволно, колку е заинтересиран за вас. Но исто така размислете дали тој е доволно добар за вас.

Водете свој живот и држете се кон своите принципи:
Не ги откажувајте вашите секојдневни рутини и активности затоа што тој во меѓувреме ве повикал. Добро можеби еднаш, но следниот пат немојте. И особено запрашајте се дали тој би го сторил тоа за вас.
Се разбира, уште подобро ако имате некои заеднички интереси во кои можете да учествувате заедно! Исто така, тоа е добар показател дека си одговарате.



Едно од големите сомнежи кај дамите е прашањето дали треба секогаш да се однесува искрено или треба да биде малку мудра/ тактична?


Навистина постои дилема и мислењата се поделени:
Додека некои припаднички на понежниот пол сметаат дека малку „топло-ладно“ игра е едноставно потребно за да се задржи вниманието на мажите, други посочуваат дека не им се допаѓаат овие игри и дека претпочитаат чиста, искрена врска и немаат желба за глума.