Гоџи бобинката (lat. Lycium barbarum) е дрвенеста билка во вид на грмушка, која дава многу вкусен и лековит високоенергетски плод.
Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale – Oxygen Radical Absorbance Capacity Scale) гоџи бобинките се наоѓаат на врвот! Тие покрај многуте антиоксиданси содржат и аминокиселини, есенцијални масни киселини, минерали и витамини.
Многу студии го докажуваат антиоксидантното дејство на гоџи бобинките. Каротеноидот зеаксантин е носител на антиоксидантните својтва, но истовремено е одговорен и за бојата на овие бобинки. Антиоксидансите ги штитат клетките од умирање и оштетување од штетните влијанија како чад од цигари, зрачење и сл. кои предизвикуваат создавање на слободни радикали.
Состав на гоџи бобинките
Гоџи бобинките содржат 18 амино киселини, од кои 8 се есенцијални. Есенцијалните амино киселини телото неможе да ги синтетизира и мораме да ги внесуваме со храната.
Освен аминокиселините овие бобинки содржат и многу минерали, меѓу кои и антиканцерогениот германиум. Исто така гоџи бобинките се богати со: калциум, калиум, железо, фосфор, натриум, цинк, селен и јод.
Гоџи бобинките се богати со Витамин Ц (5 пати повеќе од портокалите), Б-комплекс витамини (Б1, Б2 и Б6), витамин Е и витамин А (повеќе отколку во морковите).
Есенцијални масни киселини кои ги содржат овие бобинки се потребни за да се одржи производството на хормони кои се потребни за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем.
100 g гоџи бобинките содржат 7 g растителни нерастворливи влакна. Гледано од калориски аспект содржат 375 калории во 100 g.
Препорачана дневна доза
За да уживаме во здравствените придобивки на гоџи бобинките потребна ни е сосема мала количина од нив. Препорачана дневна доза е од 10 g до 30 g. Меѓутоа не постои горна граница во консумирањето на гоџи бобинките.