ГОЛЕМИ ПРИДОБИВКИ ОД ЧОКОЛАДОТО

Чоколадото има способност да влијае на нашето расположение. Го знаеш тоа од лично искуство, нели?

Постојат многу тврдења за здравствените придобивки од чоколадото – некои се поврзани со срцето, некои со мозокот, регулирање на крвниот притисок, зголемување на добриот холестерол и многу повеќе – но научната заедница не стои 100% зад овие тврдења.

Сепак, неколку работи се докажани:

Чоколадото е една од десетте најбогати намирници со антиоксиданси во светот поради полифенолите и флаванолите што ги содржи.

Придобивките од овие антиоксиданси може да се добијат кога се консумира квалитетно темно чоколадо со висока содржина на какао /над 70%/.

Сепак, дури и чистото темно чоколадо е висококалорична храна и претерувањето со неа носи ризици по здравјето.

Секогаш избирајте квалитетно чоколадо со висока содржина на какао и консумирајте умерено!