Големите исчекувања (Great Expectations) — тринаесетти роман на Чарлс Дикенс. Централна тема на романот е личниот развој на сиракот именуван Пип. Ова е втор роман на Дикенс, после Дејвид Коперфилд, кој целосно е напишан во прво лице. Првично, романот бил издаден во вид на серијал во неделникот „Низ текот на целата година“ („All the Year Round“) од 1 декември 1860 до август 1861. Во октомври 1861 година Чапман и Хал го издал романот во три тома.
Приказната се одвива во Кент и Лондон во раните години на 19 век и во него се опишани некои од најзначајните сцени на Дикенс.
„Големите исчекувања“ е преполн со екстремни сцени – сиромаштија, затвори на бродови, ланци и борви до смрт— и има разновиден сет на ликови кои станале дел од популарната култура низ светот, а особено англо-говорниот свет. Делата на Дикенс се испреплетени од љубов и одбивања, богатство и сиромаштија, борбата меѓу лошото и доброто и слично. Овој роман е популарен меѓу читателите и критичарите, а истиот е преведен на скоро сите светски јазици. Една од книгите која мора да ја прочтате во животот!