Сигурно ви се случило некогаш да помислите дека првиот состанок минал одлично, но личноста со која сте излегле никогаш повеќе не ви се јавила. И тогаш сте минале часови и денови прашувајќи се каде сте погрешиле.
Секој греши, но понекогаш некои грешки едноставно не можат да се простат. Особено една грешка која никако не треба да ја правите на првиот состанок, па и на останатите, секако.
Едно однесување е особено неприфатливо, кога станува збор за љубовната врска. Според истражувања во кои учествувале 3.000 луѓе, ако премногу гледате во телефонот за време на првиот состанок, можно е воопшто да нема втор.
Истражување од 2017 година спроведено од апликација за запознавање, анкетирало 2.000 самци кое однесување не го толерираат за време на состанок. Се покажало дека најголем престап е кога некој премногу гледа во мобилниот телефон. Таквото однесување може да има негативно дејство на кој било однос бидејќи сигнализира дека тоа што се случува на телефонот има предност над личноста присутна покрај вас.