Најчесто, жените тргнуваат од претпоставката дека сите мажи се исти и поради тоа, се водат од правилата, кои како митови, циркулираат низ списанијата и секојдневните разговори веќе со децении. Тоа води до многу погрешни потези во сите аспекти од врските, вклучително и сексот.
1. Претпоставувате дека секогаш е расположен за секс
Ова најчесто е точно за тинејџерите, но не и за возрасните мажи. По 20-та година, многу нешта ја црпат енергијата на мажите (стрес на работа, плаќање сметки, непланирани ситуации итн.), па затоа не можете да го гледате како вибратор и да очекувате да има секс секогаш кога Вие сакате. Ова пак, не значи дека веќе не Ве посакува – можно е едноставно да е преморен.
2. Мислите дека сексот завршува со неговиот оргазам
Жените го заслужуваат истото задоволство како и мажите. Па, доколку сам не се сети, кажете му дека треба да ги задоволи и Вашите потреби, со рацете или устата. Ако е премногу изморен по интензивниот секс, следниот пат побарајте да ги задоволи Вашите потреби пред неговите.
3. Се опседнувате со изгледот на сопственото тело
Само затоа што вагата покажува некој килограм повеќе, тоа не значи дека треба да избегнувате секс. Мажите се многу едноставни суштества – доколку сакаат да имаат секс со Вас, тоа значи дека сте им секси и нема потреба сами да се опседнувате со детали кои можеби и нема да ги забележат и / или им се симпатични.
4. Не му давате совети
Не е лесно да се задоволи жена, а за најголем дел од мажите, женското тело е неистражена територија. Затоа, неопходно е да му давате јасни и гласни совети (кои патем и ги возбудуваат мажите). Доколку од некоја причина не можете да го надминете срамот и вербално да го водите, тогаш користете ги рацете за да му покажете каде треба да се фокусира. Доколку и тоа не успее, кога ќе гледате секс-сцена од некој филм, искоментирајте дека некој потег е добар или пак дека не Ви се допаѓа. Тој ќе сфати.
5. Претерувате со реакцијата кога тој ќе предложи нешто ново
Најголемиот дел од двојките ја повторуваат истата рутина секој ден, што може да стане здодевно, дур и ако ја менувате локацијата на дејството. Мажите сакаат да експериментираат и да истражуваат. Ако тој предложи нешто ново, тоа не е критика за Вас, туку едноставна желба за различни нешта. Дури и да не Ви се допаѓа, кусо кажете не и предложете нешто ваше.