Најчесто, жените тргнуваат од претпоставката дека сите мажи се исти и поради тоа, се водат од правилата, кои како митови, циркулираат низ списанијата и секојдневните разговори веќе со децении. Тоа води до многу погрешни потези во сите аспекти од врските, вклучително и сексот.
- Претпоставувате дека секогаш е расположен за секс
Ова најчесто е точно за тинејџерите, но не и за возрасните мажи. По 20-та година, многу нешта ја црпат енергијата на мажите (стрес на работа, плаќање сметки, непланирани ситуации итн.), па затоа не можете да го гледате како вибратор и да очекувате да има секс секогаш кога Вие сакате. Ова пак, не значи дека веќе не Ве посакува – можно е едноставно да е преморен.
- Мислите дека сексот завршува со неговиот оргазам
Жените го заслужуваат истото задоволство како и мажите. Па, доколку сам не се сети, кажете му дека треба да ги задоволи и Вашите потреби, со рацете или устата. Ако е премногу изморен по интензивниот секс, следниот пат побарајте да ги задоволи Вашите потреби пред неговите.
- Се опседнувате со изгледот на сопственото тело
Само затоа што вагата покажува некој килограм повеќе, тоа не значи дека треба да избегнувате секс. Мажите се многу едноставни суштества – доколку сакаат да имаат секс со Вас, тоа значи дека сте им секси и нема потреба сами да се опседнувате со детали кои можеби и нема да ги забележат и / или им се симпатични.
- Не му давате совети
Не е лесно да се задоволи жена, а за најголем дел од мажите, женското тело е неистражена територија. Затоа, неопходно е да му давате јасни и гласни совети (кои патем и ги возбудуваат мажите). Доколку од некоја причина не можете да го надминете срамот и вербално да го водите, тогаш користете ги рацете за да му покажете каде треба да се фокусира. Доколку и тоа не успее, кога ќе гледате секс-сцена од некој филм, искоментирајте дека некој потег е добар или пак дека не Ви се допаѓа. Тој ќе сфати.
- Претерувате со реакцијата кога тој ќе предложи нешто ново
Најголемиот дел од двојките ја повторуваат истата рутина секој ден, што може да стане здодевно, дур и ако ја менувате локацијата на дејството. Мажите сакаат да експериментираат и да истражуваат. Ако тој предложи нешто ново, тоа не е критика за Вас, туку едноставна желба за различни нешта. Дури и да не Ви се допаѓа, кусо кажете не и предложете нешто ваше.