Како работиме? Каде инвестираме енергија и како го правиме тоа? Како се движиме низ животот? Како да се најде мир во некои ситуации од минатото ?
Во периодот што следи, добро е малку да се забави, да се преиспита, да се ревидира, да се смени или поправи она што не функционира. Повлечете енергија. Не влегувајте во конфликти и дискусии кои не водат никаде. Доколку плановите и желбите не се остварат , почекајте малку да се преуредат работите и да се стават во ред.
Со ретроградниот Марс во знак со кој владее Меркур, можеме да очекуваме некои нејаснотии, заплеткувања, тешкотии или доцнења во комуникацијата, движењето или сообраќајот. Можно е зборовите да предизвикаат силен гнев. Потиснатиот гнев сега лесно експлодира. Како да е надвор од контрола. Зборуваме без размислување, болиме и дури кога ќе се смириме стануваме свесни што се случило.
Проблеми со интернетот, социјалните мрежи, тешкотиите со личното возило или во односите со соседите и блиските роднини е нешто што ќе не следи во наредните месеци. Фокусот е ставен на сите теми поврзани со училиштата и образовните институции, како и прашањата поврзани со понатамошното образование.
Што да се прави во наредните месеци?
Обидете се да поминувате помалку време пред телефон и телевизија. Слободното време искористете го за прошетка и рекреација.
Грижете се за вашите клучеви и лични документи.
Бидете повнимателни во сообраќајот и движењето.
Проверете ја исправноста на личното возило.
Заштитете го вашиот компјутер од вируси. Не купувајте нов мобилен телефон, автомобил или компјутер.
Набљудувајте ги вашите мисли. Ставете ги на хартија. Можно е да се види проблемот од нов агол.
Испраќајте пораки концентрирано, можно е да отидат на погрешна адреса.
Погледнете дали нечии зборови и постапки се во склад. Празните ветувања можат да разочараат.
Обидете се да бидете поупорни во намерата да го завршите она што сте го започнале.
Забавете, размислете, планирајте подобро, ако не сте подготвени да донесете одлука, не правете го тоа уште…
Учете, читајте, застанете и
одморете се кога ќе се чувствувате исцрпени
.
Пред да кажете нешто што ќе повреди некого, престанете.
Колку повеќе работи правиме одеднаш, толку сме понервозни, позаборавни и збунети.
Внимавајте на рацете, рамената, дишните патишта.
И колку и да ни се чини понекогаш дека сме во непријатна положба, или дека работите се развиваат бавно или воопшто не се развиваат, можеби се одвива процесот на подготовка за нешто уште подобро од она што сме го замислиле. Во кој дел од животот ќе влијае ова влијание на Марс зависи од областа во која се движи во вашиот личен хороскоп .
Астролог: Јулијана Оремовиќ