ОВЕН
Вие сте комуникативни, елоквентни, духовити, и можете да оставите впечаток кај соговорникот. Ќе се дадете сто проценти во некои договори, но сето ова ќе ве остави доста исцрпени во попладневните часови. Убав ден за запознавање партнер, но за домашна варијанта….
БИК
Очекувате премногу од една личност и може да се разочарате ако сфатите дека ветувањето што таа ви го даде ќе биде само делумно исполнето. Некои зборови од сакана личност ги доживувате како критика, иако тоа не беше намера на другата страна.
БЛИЗНАЦИ
Решивте една деловна дилема наутро и сега можете да направите пауза. Малку среќа беше вклучена во сето ова, но не може да се оспори дека вашето решение беше доста креативно. Послаба комуникација со саканата личност.
РАК
Денес од вас се бара да најдете решение за проблемот. Вие многу добро знаете што да правите, но се двоумите бидејќи сте свесни дека некои луѓе ќе ви замерат. Вашиот настап кон некого што ви се допаѓа ќе биде духовит и полн со самодоверба.
ЛАВ
Се чувствувате вознемирени затоа што ви се чини дека во еден деловен контакт не успеавте да се претставите себеси или вашите идеи на вистински начин. Не размислувај повеќе за тоа. Вашиот партнер суптилно ви пренесува некои работи, но вие се правите дека не разбирате.
ДЕВИЦА
Многу од тоа ви е јасно во една деловна соработка, а интуицијата ве повлекува непоколебливо на вистинската страна. Емотивниот партнер го одложува состанокот што го очекувавте со нетрпение. Вашите мисли одат во негативна насока, почнувате да се сомневате.
ВАГА
Размислувате за зборовите на вашиот претпоставен. Мислите дека ги имате вистинските информации, само се уште не знаете како да ги вклопите во она што сакате да го постигнете. Се обидувате да дадете до знаење на една личност дека ве интересира нешто повеќе од пријателство.
СКОРПИЈА
Користете го утрото за се што е итно за вас или за кое ви треба повеќе енергија. Оставете некои лесни обврски за вториот дел од денот, бидејќи заморот малку ќе ве надмине. Забелешката на вашиот партнер, која ја кажа попатно, многу ве боли.
СТРЕЛЕЦ
Вашите планови ќе одат добро. Организирани сте и може да завршите со многу обврски. Во доцните попладневни часови, може да имате кратка средба со партнерот што нема да биде задоволителна. Премногу сте критични еден кон друг.
ЈАРЕЦ
Некои од долгоочекуваните информации стигнаа до вас, но можеби е доцна за да ги користите сега. Добар момент за да постигнете посилна комуникација или дури и средба со некој што ви се допаѓа за прв пат. Позитивна возбуда.
ВОДОЛИЈА
Некој ви доаѓа на помош кога ви е најпотребно. Денес, имате добри односи со луѓето со кои работите и можете дури и да дојдете до некои вообичаени решенија. Ова е одлично време да покренете некои прашања во вашата емоционална врска.
РИБА
Иако денес сте посветени на своите обврски, не можете а да не забележите дека работите не се одвиваат според планираното. Размислувате добро за една личност, но не правите ништо за да ја известите. Уште се двоумите.