ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ МНОГУ ЛЕСНО МОЖАТ ДА ВЕ ИСФРЛАТ ОД ЖИВОТОТ

ОВЕН
Ако сте пријатели со Овен и го изневерите само еднаш, тоа е повеќе од доволно. За него веќе не постоите. Истото важи и ако се обидете да повредите некој кој му е близок, тогаш не само што ќе ве исфрлат од својот живот, туку и ќе се обидат да го загорчат вашиот.

БИК
Можеби се посесивни и тврдоглави, но Биковите сепак покажуваат малку повеќе разбирање од Овните. Ќе ви дадат шанса со тоа што темелно ќе размислат пред да ве стават на „црната листа“. Но бидете сигурни – откако еднаш ќе донесат одлука нема да се премислат. Вие веќе нема да постоите за нив, а тие никогаш нема да ја преиспитаат одлуката.

ЛАВ
Лавовите имаат тенденција да ги исклучуваат луѓето од својот живот и тоа не само ако на некој начин ги повредиле или се обиделе да ги повредат. Тоа го прават и бидејќи сакаат да бидат опкружени со амбициозни и активни луѓе и едоставно сакаат да бидат на врвот, а на врвот е осамено. Лавот може да ве игнорира или јасно да ви стави до знаење дека за вас веќе нема место во неговиот живот – секој според заслугите.