ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ОВАА ЗИМА ЌЕ ЈА НАЈДАТ СВОЈАТА ГОЛЕМА ЉУБОВ

Стрелец

Стрелците се под значително влијание на Уран во текот на целата година, а исто така се повеќе можат да сметаат на влијанието на планетите во нивниот знак во текот на зимските месеци. За овој огнен знак тоа првенствено значи едно: неочекувани промени и непредвидливи пресврти.

Ова е всушност идеален период за слободните Стрелци, бидејќи времето ги искушува да излезат надвор од нивната комфорна зона и конечно да имаат можност да запознаат нови луѓе, а можеби дури и да најдат вистинска љубов.

Јарец

Јарците ја имаат Венера во знакот од 5 ноември до крајот на годината и во овој период можат да имаат корист од планетата на љубовта, лојалноста и страста. Од жешки флертувања до романтични моменти и возбудливи состаноци, сè е можно – а кој знае, можеби љубовта на вашиот живот е веднаш зад аголот.

Рак

Од почетокот на годината Сатурн има големо влијание врз Ракот. Овој воден знак постојано размислува за некои драги луѓе од минатото и на тој начин ја блокира можноста за запознавање нови луѓе. Раковите оваа зима ќе добијат поддршка и од планетата Јупитер, која ќе ги прекине нивните умствени игри и ќе им предизвика многу убави, нови моменти. Врвот може да биде средбата со голема, нова љубов која целосно ќе ги заслепува Раковите и ќе го стопи нивното студено срце.