Сè уште барате голема љубов? Дали мислите дека немате среќа и дека наоѓањето сродна душа е невозможна мисија? Па, во март некои од хороскопските знаци не само што ќе имаат среќа, туку најверојатно ќе ја сретнат вистинската љубов. Погледнете кои се тие:
Вага
Немојте да бидете сомничави кон сите околу вас. Пред се, луѓето се добри и ви мислат добро, а кога зборуваме за љубов, тие само сакаат да бидат со вас. Не одбивајте ги поканите за состаноци во март, бидејќи можете да ја сретнете вистинската љубов. Запознајте ја личноста пред да ја осудите. На почетокот на месецот ќе се соочите со дилема дали да изберете сигурен или нов и возбудлив почеток. Бидете авантуристи и слушајте го своето срце. Ви ја кажува вистината.
Бик
Не се затворајте во себе и бидете дружељубиви – такви какви што навистина сте. Едно разочарување не мора да води до друго. Треба да верувате во себе, во своите квалитети и да не се сомневате дека немате доволно за некој вистински да ве сака. Можете да ја побарате вистинската личност за вас во лицето на близок пријател. Љубовта лежи таму каде што има историја.
Девица
Долго време сонувавте за убава, вистинска љубов која ќе дојде и ќе ви го преврти светот. Наскоро ќе почувствувате дека љубовта воопшто не е заборавено чувство, бидејќи некој многу посебен ќе ве потсети на тоа. Прекрасна романса во средината на месецот ќе заврши со прекрасна врска која ги надминува и вашите најлуди соништа. Подгответе се да се преселите во друг град поради љубов. А зошто да не? Не знаете каков успех ве чека таму.


