Дом без прашина е сон на сите домаќинки. Излегува дека тоа лесно се постигнува благодарение на трикот што го користат хотелските собарки. Во овој случај, апсолутно секој омекнувач прави идеална работа.
Пред да започнете со чистење, наполнете мал леген со вода и додадете едно капаче од омекнувачот што го користите. Измешајте го растворот и во него натопете сунѓер со кој планирате да ги избришете полиците, масите и другиот мебел во вашиот дом. Како бонус, ќе добиете и убав мирис низ куќата.
Најважно е да не претерувате со количината на употребениот омекнувач. Во спротивно, наместо пријатна арома, вашиот стан ќе се исполни со задушувачки мирис. Поради предозирање, површините третирани со омекнувач стануваат лепливи на допир.
Овој метод се препорачува да се користи еднаш неделно.
ХОТЕЛСКИОТ ТРИК КОЈ ЌЕ ГО ОДРЖИ ВАШИОТ ДОМ БЕЗ ПРАШИНА НАЈМАЛКУ ЕДНА НЕДЕЛА

