- Боровинки
Бобинките генерално имаат одличен ефект врз здравјето. Боровинките содржат антиоксиданси – антицијанини кои го стимулираат производството на клетки кои ги напаѓаат вирусите и бактериите. Овие антиоксиданси го одржуваат имунитетот на високо ниво и значително го намалуваат ризикот од болести. Боровинките исто така содржат соединение наречено птеростилбен , кое синергетски делува со витаминот Д. Заедно, тие влијаат на изразувањето на генот наречен CAMP, кој е важен за зајакнување на имунолошкиот систем . - Ѓумбир
Овој зимски зачин е познат по топлите квалитети, односно способноста да го загрее телото. Благодарение на неговото антиинфламаторно дејство, тој е одличен сојузник за зајакнување на имунитетот. Неговата активна состојка е гинџерол , антиоксиданс кој е одличен борец против болести. Кога ќе почувствувате дека ве фаќа настинка или вирус, направете си пијалок од цеден ѓумбир, малку лимон и лажица мед - Ананас
Иако го поврзуваме со летни и освежителни овошни салати, ананасот има моќен ефект кога зборуваме за зајакнување на имунитетот. Студијата спроведена од Универзитетската школа за исхрана на жените покажа дека само половина чаша ананас дневно значително го зголемува имунитетот. - Јогурт
Здравјето на вашиот микробиом е исто така одраз на вашиот имунитет. Пробиотиците помагаат да се одржи рамнотежата на добрите бактерии во цревата, што пак е поврзано со нивото на имунитет. Јогуртот во комбинација со боровинки може да биде одлична ужина која ќе го зајакне вашиот имунитет. - Јагоди
Јагодите содржат повеќе витамин Ц од портокалите и се силен сојузник во борбата против сезонските болести. Сепак, зимата не е нивна сезона, па дури и кога е, јагодите со години се на листата на овошја преполни со пестициди. Ако можете да најдете замрзнати органски јагоди, тие можат да бидат одличен избор за вашата утринска овесна каша или мусли. - Семки од тиква
Една од најважните хранливи материи кога зборуваме за имунитет е цинкот , а семките од тиква се полни со цинк. Овој минерал влијае на намалување на воспалителните процеси во организмот и на тој начин влијае на севкупната подобра способност на организмот да се брани од болести. Истражувањата покажаа дека цинкот влијае на сериозноста на грипот и времетраењето на болеста.
ХРАНА КОЈА ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ
