ХРАНА КОЈА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ЈА НАДМИНЕТЕ ГЛАВОБОЛКАТА

Што правите прво кога ќе почувствувате главоболка? Веројатно првото нешто на што помислувате е да земете аналгетик или да си легнете.Наместо да прибегнувате кон лекови, редовно јадете некои намирници кои се покажале добри за главоболки.

Сусам

Можеби не го знаете, но ситните семки од сусам се вистинска хранлива мини бомба и се многу богати со витамин Е. Ова помага да се балансира нивото на естроген и да се смират мигрените за време на менструацијата. Наместо аспирин, подобро е секоја салата, пржено јадење или можеби супа да се посипува со сусам.

Печени компири

Оваа состојка може да помогне и да ја ублажи главоболката, особено ако претходниот ден сте консумирале алкохол. Алкохолот е диуретик и предизвикува дехидрација и губење на калиум. Храната богата со калиум може да ја ублажи главоболката од мамурлак, а печените компири со кора се богати со калиум и содржат дури 721 mg, во споредба со популарната банана која има 467 mg во споредба со компирот.

Лубеница

Веќе е познато дека дехидрацијата предизвикува главоболки, па затоа е добро да пробате комбинација од овошје и зеленчук кои содржат есенцијални минерали како магнезиум, бидејќи на тој начин можеме да ја спречиме главоболката. Затоа ви го препорачуваме следниот коктел: 200 гр лубеница, малку мраз, половина лажичка мед и малку рендан ѓумбир.