ХРАНА КОЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ СЕКОЈ ДЕН

Конзумирањето на кој било производ во големи количини може негативно да се одрази на општото здравје, без разлика дали се работи за вештачки шеќер, кој докажано е лош, или на пример некоја здрава храна. Зошто треба да ја ограничите здравата храна? Бидејќи еден производ, колку и да е здрав, никогаш нема да може да му ги обезбеди на телото сите потребни хранливи материи. Ова е причината зошто разновидна исхрана е толку важна. Постојат некои намирници кои многу луѓе ги сакаат и се здрави, но во никој случај не треба да се консумираат секој ден.

  1. Зеленчук од семејството на зелка

Зеленчукот е богат со антиоксиданси и хранливи материи, особено оние како карфиол, брокула и кељ. Сепак, според научните студии, нивното прекумерно консумирање може да предизвика хипотироидизам, т.е. недостаток на тироидни хормони . Ова е особено важно за луѓето кои примаат хормонска терапија. Ако навистина не можете да поминете ниту еден ден без нив, советот е прво да ги пржите во тава или да ги зготвите со некоја друга храна.

  1. Туна

Иако е здрава бидејќи содржи омега 3 масни киселини и значителна количина на протеини, туната е богата со жива . Прекумерното консумирање може да доведе до таложење на голема количина на овој тежок метал во организмот, што е особено опасно за децата и трудниците. Лекарите советуваат да не се јаде туна повеќе од еднаш неделно.