ИМАШ ЛИ КОНДОМ?

Сигурно сте се нашле во ваква ситуација кога машкото не сака да ја открие причината за одбивање да користи заштита.

Возбудливиот момент во спалната соба може да спласне во секунда веднаш штом се постави прашањето: „Имаш ли кондом?”.

Жените се тие кои почесто го поставуваат ова прашање, додека мажите максимално го избегнуваат. Меѓутоа, експертите тврдат дека и девојките подеднакво мразат да го поставуваат тоа прашање и се прашуваат зошто жените речиси секогаш треба да бидат одговорни кога станува збор за тоа.



Не смееме да заборавиме дека некористењето на кондом носи ризик од сексуално преносливи болести. Порастот на бројката на одредени инфекции може да се препише на намалената употреба на кондоми – тврдат експертите од австралискиот универзитет.

Не би требало само една личност да се грижи за тоа повеќе од другата. И мажите и жените треба да преземат одговорност за сигурен секс. Меѓутоа, изгледа дека девојките се уште носат поголем дел од товарот за тоа, бидејќи на мажите кондомите им се „незгодни“. Сепак, време е да научат дека кондомите се дел од животот, важни за нивната сигурност и треба да се навикнат на нив.