Индира Ганди (19 ноември 1917 – 31 октомври 1984) била индиски премиер и истакната лидерка на Движењето на неврзаните. На чело на Индија доаѓа по смртта на премиерот Шастри во 1966 и е премиер сè додека не била поразена во изборите во 1977 по што била принуена да поднесе оставка. Меѓутоа во 1980 година триумфално се вратила на чело на Индија. На 31 октомври 1984 била убиена пред својата резиденцијата во Њу Делхи, од двајца припадници на нејзината лична гарда.
Ќерка на првиот индиски премиер, Џавахарлал Нехру, Индира Ганди иако го имала истото презиме како Махатма Ганди (политичар кој помогнал во остварување на индиската независност), не биле роднини.
Индира Ганди е родена на денешен ден и по тој повод ви претставуваме неколку нејзини познати изреки:
„Постојат два типа на луѓе. Оние кои работат и оние кои земаат кредит. Обидете се да бидете во првата група. Во неа има помалку конкуренција “.
„Изгазената патека не води кон нови пасишта.
„Простувањето е силата на храбрите.“
„Вистинскиот пат во животот е патот на вистината, ненасилството и љубовта“.
„Луѓето имаат тенденција да ги забораваат своите одговорности, но никогаш не ги забораваат своите права.“
„Историјата е најдобриот наставник кој има најлоши ученици.“
„Не можете да се ракувате ако имате стиснати тупаници.“
„Нема љубов таму каде што нема волја.“
„Мислам дека мажите не се во поголем степен послободни од жените.“
„Не можеме да зборуваме за слобода таму каде што луѓето гладуваат.“
„Маченичката смрт не е крајот, туку само почетокот.“