ИНСПИРАТИВНИ ЦИТАТИ ОД МОНИКА БЕЛУЧИ

Моника Белучи е олицетворение на вистинска жена – прекрасна, страсна, силна, харизматична, независна, која не се плаши да го каже она што го мисли. Иако италијанската актерка веќе има 56 години, таа сепак е сон за многу мажи.

Моника е пример за жени од целиот свет кои сакаат барем малку да наликуваат на душевната убавица. И бидејќи и ние сме нејзини обожаватели, решивме да собереме на едно место некои од нашите омилени цитати на италијанската актерка.

„Убавината на жената станува проблем само во два случаи: Кога ја нема, и кога не постои ништо друго освен неа.“

„Една жена може да сака на тој начин како никогаш да нема да ве напушти. Но, може да дојде таков ден кога ќе замине толку лесно како никогаш да не ве сакала.“

„За мене, стареењето значи – да станеш подобар!“

„Луѓето може да го простат трудот на човекот, дури и талентот, но убавината и успехот – никогаш.“

„Што ќе правам кога ќе остарам, и кога мојата слика во огледалото повеќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себеси во огледалото – ќе гледам во своите деца.“

„Јас секогаш им кажувам на младите девојки: ‘Научете се да го сакате вашето тело!’ Бидејќи совршенството не постои, и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од слабата девојка. Едноставно, треба да научите да се прифатите такви какви што сте!“

„На сите нам ни се потребни илузии. И токму поради тоа ги сакаме филмовите.“

„За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, бидејќи во тоа растење ние се запознаваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме и патиме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што можам да живеам.“

„Да бидете убави на 20 години, тоа е природно. Кога сте убави на 35 или 40 години, тоа е резултат на работењето на себе и внатрешната среќа.“

„По мое мислење глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да станете спонзоруша на некого со длабок џеб и бескрајно да го трошите животот по журки. Убавината ни е потребна како помош да ја пронајдеме хармонијата, љубовта, и смислата во овој хаотичен свет.“

„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие на тој начин признаваат дека сте подобри.“



„Убавината станува експресивна и поинтересна кога е покриена со облека.“

„Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.“

„Не ги разбирам жените кои велат дека ги понижува машката желба. Мислам дека тие, едноставно, не се во хармонија со себе.“