Оваа жена е доказ дека никогаш не е доцна да се смениме. Пред само 4 години, 74-годишната Џоан Мекдоналд тежеше 90 кг, страдаше од артритис, висок крвен притисок, висок холестерол и тежок рефлукс.
„Брзо се изморував, едвај се качував по скали, се чувствував несреќно во мојата кожа“, рече Канаѓанката.
Во еден момент таа одлучила да стави крај на сето ова и целосно да го промени својот животен стил. Со помош на својата ќерка Мишел, која е инструкторка по фитнес, Џоан успеала да изгуби 30 кг, станувајќи интернет сензација. Таа во моментов е една од најстарите инфлуенсери и има над 1,2 милиони следбеници на Инстаграм, каде постојано поставува мотивациони фотографии и видеа.
Трансформацијата на Џоан е навистина импресивна – таа драстично го намалува внесот на лекови, ги ослабува и обликува своите мускули, постигнувајќи го сето ова со редовен тренинг (5 пати неделно) и урамнотежена исхрана. Таа јаде често, но нејзините порции се многу помали отколку порано, а чинијата мора да содржи месо, зеленчук и житарици.
Во моментов, Џоан е целосно посветена на здрав начин на живот, а нејзината мотивација е пример.
„Не можете да го вратите часовникот назад, но можете да го навивате“, рече таа.
“Ова се бурни времиња и мислам дека сите можеме да се согласиме дека доброто здравје е клучот за целосен и среќен живот. Балансирана исхрана, градење мускулна маса и намалување на струкот беа работи на кои навистина требаше да се фокусирам и сè уште го правам тоа. По 4 години можам да кажам дека тајната на мојот успех е само да ги следам овие навики што првично морав да ги изградам “, категорична е Мекдоналд.
Нејзината промена се должи на многу упорност, волја и работа, советувајќи ги нејзините следбеници на социјалната мрежа да не се предаваат и покрај тешкотиите.
“Бидете горди и среќни со секој напредок. Може да изгубите многу енергија, сакате работите да се случуваат побрзо и да не уживате во целиот неверојатен успех што го постигнавте. Сакајте се СЕГА и славете го секој чекор!