
Од древно време, луѓето сакале да погледнат во иднината и да откријат што ги чека. Тие гатале со карти, камења, симболи, по ѕвезди и др. Денес, човекот не е помалку љубопитен за тоа што му подготвува судбината. Ако сакате и вие да дознаете, овој забавен квиз е за вас. Изберете египетска слика и видете што ве чека.
- Божицата Изида
Нејзините гради се симбол на женственост, па дури и мајчинство, но тоа не мора да значи бременост, туку дека сте пожртвувана и грижлива личност која понекогаш дури и ги „гуши“ своите најблиски. Вашиот избор на сликата открива дека ве очекува период на плодност, просперитет, раст и развој во сите области од животот.
Сликата со божицата открива дека сте витална, среќна личност и исто така покажува просперитет и среќа како награда за вашата напорна работа. Ако случајно сте заглавени во темни мисли, тоа наскоро ќе се промени и вашиот оптимизам ќе ги растера.
- Бог Анубис
Тој е господар на мртвите, заштитник на душите и тајните. Анубис е познат и како водич, бидејќи ги води душите до вечен одмор или казна за дела направени додека е жив. Што значи вашиот избор? Ако сте склони кон зло и правите лоши работи, тогаш не очекувајте позитивна награда од универзумот.
Но, ако сте личност која се стреми кон добро и има големо срце, во животот ве очекува среќа и просперитет.
Бог Анубис ве учи да процените што ве чека во животот и да ја видите светлата страна на нештата. Знаете дека секоја акција има последици, но вашите инстинкти ќе ви помогнат да најдете рамнотежа и хармонија.
- Месечина
Месечината има големо влијание и врз природата и врз луѓето. Според античките митови, таа има моќ да ги трансформира луѓето охрабрувајќи ги нивните најлоши страни.
Изборот на оваа слика значи дека вашата страст се развива и расте, како и вашата љубомора, а не само кон партнерот доколку сте во љубовна врска. Ако чувствувате несакање кон некоја личност, тоа ќе стане уште посилно под влијание на оваа картичка.
Но, Месечината ве потсетува да размислите внимателно и да одвоите време во донесувањето одлуки. Бидете трпеливи да ги видите резултатите од вашата работа бидејќи ќе ги има и ќе ве задоволи. Месечината предупредува и на предавство и неискрени луѓе кои ви приоѓаат со задни намери. Интуицијата ќе ви помогне овде.
- Триумф
Вашиот избор на слика го открива крајот на некоја битка и вашето триумфално враќање. Можеби сте поминале низ тежок период, со многу солзи и очај. Не најдовте радост во ништо, доживеавте силни стравови. Но, вашиот избор на слика покажува дека крајот на лошиот период е близу и ќе дојдат посветли моменти на среќа и финансиски успех во вашиот живот. Не дозволувајте некој да ви застане на патот, да ве натера да се сомневате во себе. Силни сте, и време е вашите таленти да се откријат.