Изберете карта и видете како ќе стоите со парите во октомври

Темата за финансиите секогаш е возбудлива за нас, особено кога започнува нов месец. Денес погледнуваме кон таро картите, кои ќе ни откријат што нè очекува во оваа насока во октомври. Изберете една од трите карти и дознајте повеќе. Не заборавајте дека сепак ова е само еден забавен тест.

1. Карта – Високата свештеничка

Кога картата Високата свештеничка се појавува во тарот читање, тоа често е знак за потреба од создавање хармонија. Бидејќи ова е поврзано со вашите финансии, најверојатно значи дека има нешто во вашиот финансиски свет што треба да биде балансирано во октомври.

Ова може да се однесува на корекција во вашиот буџет и на тоа за што трошите, на планирање на нов извор на приход, па дури и на распределба на наследство. Балансот ќе ве води кон финансиска стабилност во новиот период.

2. Карта – Силата

Избирајќи ја оваа карта, покажавте дека ја имате потребната сила за да ги надминете сите пречки кои моментално ви стојат на патот до богатство и финансиска слобода.

Лесно е да се чувствувате исплашени и да ја изгубите од вид силата што ја поседувате кога финансиските прашања се во фокусот, но оваа карта претставува силна решеност да истраете додека не го добиете тоа што го сакате. Бидете трпеливи, бидете подготвени да се борите за она што го сакате и заслужувате. Успехот е на ваша страна!

3. Карта – Тркалото на судбината / Тркалото на среќата

Ништо не е вечно, вклучително и вашата сегашна финансиска состојба. Животот е серија од подеми и падови, а циклусот низ кој поминувате во последно време е при крај за да започне нов.

Во октомври може лесно да се занесете во лажно чувство на сигурност, а кога се појавува оваа карта, таа е потсетување дека вашите пари, како и сè друго, можат да не бидат во постојан тек. Добрата вест е што претстојните промени изгледаат позитивни, па очекувајте убави настани – но сепак, не трошете непотребно.