Има некои жени кои пленат не само со шарм, туку и со интелигенција, со својот начин на изразување и согледување на светот. Не е лесно да се сака таква жена, но прекрасно е.
Еве зошто да изберете жена која сака да чита:
- Таа е искрена
За да слушнете комплимент од неа, ќе мора да сте работеле напорно за да го заслужите тоа – на секој начин.
- Таа мисли
Жена која сака да чита, размислува за се, секогаш, повеќе и ќе го очекува истото од вас.
- Сака да прашува
Тоа не го прави за да ви бара одговорност, туку за да го слушне вашето мислење, позиција, принципи.
- Го цени својот личен простор и време
Не треба да се обидувате да и го одземете времето исполнето со добра книга – во спротивно таа ќе се ослободи од вас. Ако не можете да смислите некоја поинтересна идеја од книгата, можете да се обидете да се вклучите, барем како слушател.
- Импресионирана е од извонредни работи, а не од евтини циркуски дела
Обично тешко е да се зближите и да се разберете со таква жена…особено ако ве делат три вагони книги.


